MK EN
         
     
Skip Navigation Links
Почетна
Профил
Проекти
Секции
Млади истражувачи
Новости
Документи
Контакт
Тековни Проекти
Реализирани Проекти
Scroll up
Scroll down
Земјоделие
Млади
Туризам
Пчеларство
Екологија
Scroll up
Scroll down
 
 
 
Реализирани проекти
 
 

Проект: ОСМЕЛИ СЕ

Здружението за рурален развој Јавор –Зрновци во соработка со ЗЖЗ Агровинка – Виница во  периодот од 4 месеци (до 31 август 2015) успешно го спроведе проектот „Осмели се“. Проектот е подржан од Мрежата за подршка на млади предприемачи од повикот за проекти за 2015 год.

Целта на проектот беше да се поттикнат младите луѓе од општините Зрновци и Виница да размислуваат предприемнички , односно да се обучат 20 лица за основите на предприемништвото и 15 лица за основите на пчеларството.

Во деновите 24 – 25 јули во просториите на ЗЖЗ Агровинка  во Виница, успешно беше спроведена обуката за предприемништво и бизнис. На 20 лица им беше испорачана обука со практични примери за основите на предпримеништвото, бизнисот и можностите за искористување на мерките на Владата на Р.М за подршка на самовработувањето. Интересот кај младите луѓе беше голем и имаше неколкумина кои веќе имаа свои идеи за сопствен бизнис.

Во деновите 08-11 август во просториите на ЗЖЗ Агровинка во Виница и на пчеларник во с.Зрновци беше спроведена обука за основи на пчеларството. На обуката присуствуваа 18 лица заинтересирани за оваа интересна тема.

И на двете обуки учесниците добија соодветни прирачници кои ќе им бидат од корист во понатамошното нивно размислување  и развивање на  предприемнички идеи.

Како резултати од двете обуки веќе имаме 4 лица пријавени во програмите за самовработување преку грант и кредитирање, 1 од тие лица веќе ја има поминато фазата на одобрување на бизнис идеја а уште две лица се со сериозни намери за отворање на сопствен мал бизнис. Од обуката за пчеларство 5 лица се со донесена одлука за почеток со пчеларство од наредната година, 6 лица се веќе отпочнати со пчеларство и си го надоградуваат своето искуство и мрежата на пчелари соработници а се направени и првите начелни договори за наредната година за набавка на над 13 пчелни нуклеуси.

Види галерија на слики

Проект: ЕКО СЛИКА ЗРНОВЦИ 2015

Имплементатор: Здружение за рурален развој ЈАВОР – Зрновци

Општа цел на проектот: Создавање на услови за одржливо управување, зачувување и валоризација на природните услови во општина Зрновци

Конкретна цел 1: Утврдување на моменталната состојба со квалитетот на водите на река Зрновка и насоки за заштита и подобрување

Конкретна цел 2: Создавање на ресурсен тренинг центар за биодиверзитет во општина Зрновци

Конкретна цел 3: Промоција на природните вредности во општина Зрновци и нивна валоризација

Резултати:

  • Изработена и промовирана публикација за моменталната состојба со водите на река Зрновка, мерки за заштита и подобрување,

  • Оспособен ресурсно-тренинг центар за биодиверзитет во општина Зрновци,

  • Формиран Клуб на млади истражувачи во рамки на ОУ Синиша Стоилов

  • Оспособена и промовирана патека на биодиверзитетот во с.Зрновци

  • Подготвена, испечатена и дистрибуирана брошура за природните вредности на општина Зрновци

  • Изработени над 100 фотографии и цртежи од натпреварот во ОУ Синиша Стоилов на тема биодиверзитет

  • Изработени и поделени 200 промотивни беџеви со мотиви од природните вредности во општина Зрновци

  • Изработени 15 постери со мотиви биодиверзитет во општина Зрновци

Период на имплементација: 15.12.2014 – 15.10.2015 год.

Види галерија на слики

 
Адреса:
    ЗРР - Јавор
    Илинденска ББ
    2305 Зрновци

Тел: 078 38 42 42
E-mail: javor@t-home.mk
Веб: www.javor.org.mk
 
 
 
 
 
  © ЗРР Јавор - Зрновци developed by MediaNet